| четврток, 6 декември 2018 |

Патриотските здруженија го повикуваат македонскиот народ уште помасовно да се приклучи на протестите

patrioti

Македонското апатриотско здружение „Тодор Александров“ го повикува целиот македонски народ да се приклучи на протестите „За заедничка Македонија”, да се отфрли Тиранската платформа и да се создаде агенда и платфрма за семакедонско обединување за заштита на Република Македонија и македонските национални интереси.

– МПЗ Тодор Александров го повикува македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија уште помасовно да ги подржат протеститe “За заедничка Македонија”, сите заедно да кажеме стоп на Тиранската платформа и заговорот за уништување на Република Македонија и македонскиот идентитет. Сите македонски граѓани да ја покажеме нашата лојалност и патриотизам кон Р.Македонија во заштита на македонското знаме, химна, македoнскиот јазик како уставотворен и да не дозволиме разнебитување на Р.Македонија од заговри и платофрми крирани во туѓи држави. Ние од МПЗ Тодор Александров сме против овој заговор за уништување и распад на Република Македонија, против воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, против заговорите за кантонизција, федерализација и застануваме во одбрана на државниот уставен поредок и одбрана на националните македонски државни интереси, се вели во соопштението.

Во него се нагласува дека Тиранската платформа е антимакедонска платформа креирана во друга држава и од пемиерот на Албанија Еди Рама. Низ историјата сите договори, платформи кои биле креирани во туѓи држави и дворови за Македонија и македонското прашање биле на штета на Македонија и уништување на макеоднскиот народ за делби поделби, асимилации и ропства на македонската земја и народ. Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и ние ќе се залагаме тоа да остане така.

– Во поглед на националните малцинства Република Македонија е најдемократската земја. Сметаме дека националните малцинства, а особено Албанците во Македонија ги ужуваат сите права и во ни една друга европска земја немаат повеќе права од колку во Македонија и не постои во цела Европа подемократски Устав од македонскиот. Некој свесно манипулира со граѓаните Албанци кои и сами знаат дека ги уживаат сите права во Р.Македонија и имаат достоинствен живот и права повеќе од која било друга земја сите граѓани заедно да ги штитиме држаните интереси уставот и државните симболи на нашата заедничка Р.Македонија. Факт е дека Македонците се обезличувани од сите наши соседи гледаме гомеми заговори против макеоднскито народ кои постоели во историјата, а и денес, сега гледаме како не негираат повтрно нашите соседи и како се соседна Албанија промовира сепаратизам кон Македонија, стои во соопштението.

Нашите предци се бореле и гинеле за Независна Македонија, гледаме дека некој без ронка совест сака да ја продаде Македонија за едно парче власт особено сосросовите платеници и нивните слуги.

– Историјата се повторува, повампирени се повторно хегемонистичките пропаганди од надвор поткрепени од петтата колона и домашните предавници од внатре, нов заговор за промена на името, македонскиот идентитет и редефинирање на Македонија и територијални промени на нашата земја. Целта на целиот овој заговор е Р. Македонија да го изгуби македонскиот карактер и македонскиот народ да биде обезличен во сопствената земја. Ние МПЗ Тодор Александров и Македонците сме за соживот со сите граѓанаи на Република Македонија, но на се има црвена линија особено кога се во прашање националните интереси и опстанокот на нашата земја. Низ историјата на нас Македонците ни било одземено и грабано, а не ни било дадено ништо, не смееме да дозволиме повторно да не понижуваат и обезличуват нема да дозволиме нов Букурешки договор и нова поделба на Македонија. Ние МПЗ Тодор Александров сметаме дека потребно е целиот македонски народ да се обдеини под една заедничка македонска национлана агенда која ќе биде став кога секогаш ќе бидат загорзини уставниот и државнен поредк на Република Македонија и кога секогаш ќе биде загрозен македонскиот идентитет јазик,култура на македонскиот народ.
НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top