| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во кумановската болница: Нападната дежурната екипа

kumanovo bolnica49-годишниот Ф.Л. и 20-годишниот М.Л. од Куманово заработија кривична бидејќи на почеток на месецов околу 04 часот и 50 минути во Ургентен центар во Куманово, грубо го навредувале и малтретирале дежурниот лекар барајќи лекарски преглед на пациентка, која одбивала да прими инекција за болки пред да биде прегледана.
Полицијата известува дека насилниците започнале вербална расправија со дежурниот лекар, во присуство на уште две медицински сестри, по што Ф.Л. со тупаница ја удрил по главата во предел на слепоочница нанесувајќи и телесна повреда и ја навредувал со разни вулгарни зборови, упатувајќи и закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.
Во исто време М.Л. го превртел бирото пред кое седела докторката, при што се скршило и стаклото од бирото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top