Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел имаше средви со повеќе европратеници и учествуваше на конференцијата во Европскиот парламент посветена на жртвите од Холокаустот, јави дописникот на МИА.
Од центарот на Европската унија, шефот на македонската дипломатија испрати и порака во однос на некои странски притисоци за тоа дали и кога треба да има нови парламентарни избори со цел излез од политичката криза во Македонија.
– Не мислам дека решението за тоа дали ќе има избори и кога тие ќе се случат треба да го носи некој надвор од Република Македонија. Тоа е решение што треба да го донесеме во Република Македонија и единствениот начин на кој можеме да се договориме околу тоа е низ демократските институции. Со други зборови, Собранието на Република Македонија одлучува, граѓаните на Република Македонија имаат право да дадат мандат за таква одлука, порача министерот Попоски од Брисел.
Во Законодавниот дом на Европската унија, шефот на македонската дипломатија се сретна со европратениците Дубравка Шуица (потпретседател на Комитетот за надворешни работи на ЕП), Кнут Флекештајн, Маријана Петир, Едвард Кукан и многу други пратеници во Европарламентот. Според него, во делот на тоа што се очекува како помош од Европскиот парламент, неговата порака до нив била едноставна.
– Првата точка е да се помогне во враќање на европската перспектива за Република Македонија која во изминатите години, покрај многубројните препораки, како да исчезна од хоризонтот и на некој начин помогна да се наметне агендата на борба со една политичка кризна ситуација. Решението и за изборите и за надминување на кризата, мора да биде низ македонските институции и во рамките на еден демократски процес, рече Попоски.
Пораката, пак, од Европарламентот била дека се очекува да се даде поддршка за една повидлива иднина во делот на започнување на процесот на преговори со Република Македонија. Според Никола Попоски, тоа е нешто што долго време е препорачано, но не е реализирано и истото е извор на голем дел фрустрации за македонското население.
– Мислам дека во овој дел, надминување на политичката криза мора да произлезе од дијалог низ демократски процес во Република Македонија, но мора и да биде придружено со една јасна визија за тоа дека нашата иднина и членство во Европската унија ќе се случат недвосмислено во догледно време. Без таква порака, мислам дека и надминувањето на политичката криза ќе биде многу покомплицирано, посочува министерот за надворешни работи на Република Македонија.
Никола Попоски, денеска учествуваше и на меѓународната конференција „Недовршена правда: Реституција и сеќавање“ посветена на страдањата и прогонот врз Евреите за време на Втората светска војна“ што се одржа во Европскиот парламент во Брисел. Оваа конференција заеднички ја организираа Европската народна партија (ЕПП) и Алијансата на либерал-демократите во ЕП (АЛДЕ), а таму Попоски ја испрати пораката дека Македонија е пример како една држава може да направи добро досие во делот на сеќавањето, на реституцијата на имотите и во делот на образованието поврзано со Холокаустот и со тажната судбина на Евреите.
– Ова беше значајна конференција во европски контекст за сеќавањето, враќањето на имотите, образованието, реституцијата на имотите на Евреите што се жртви на Холокаустот, а која се одржа во Европскиот парламент. Македонија е веројатно еден од најдобрите примери и во регионален и во европски контекст на земја што во целост се има погрижено и за делот навраќање на имотите на погубените Евреи во Холокастот, но исто така и за одржување на меморијата, на сеќавањето и одржување на врската, т.е. потсетување на тоа мрачно минато за никогаш да не ни се повтори во иднина. Македонија во тој дел има изградено и еден од четирите меморијални центри на Холокаустот во светот, што допринесува за давање на еден позитивен пример за тоа како земјите може да се соочуваат и како можат да направат едно добро досие во делот на сеќавањето, во делот на реституцијата на имотите и во делот на образованието поврзано со Холокаустот и со тажната судбина на Евреите во Македонија, истакна министерот Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст