| четврток, 6 декември 2018 |

По седми пат „Фестивал на јадење книги“ во „Пепер“ (галерија)

Сендвичарницата „Пепер“ по седми пат организираат „Фестивал на јадење книги“, со што се продолжува со традицијата која ги поврзува храната и читањето.

49BE8617CBC1864FA64EAADB689E9870
Идејата на фестивалот е секој од учесниците да донесе јадење, инспирирано од книга, писател или книжевен лик. Се’ уште се паметат креативните изведби на книгите „Странецот“, „Фрида Кало“, „Ориент експрес“…

53E6706908FE1D49B53A8F85ACFD9C5F

mkd-46138

Значи, сите оние што читаат и сакаат да го слават животот преку храна, денеска во 17 часот во сендвичарницата „Пепер“ (на раскрсницата помеѓу ул. „Ленинова“ и „Орце Николов“), може да се дел од најкреативниот настан во градот.
-И нам не ни се верува, но оваа година по седми пат ќе се собереме на веќе традиционалната манифестација на правење (и јадење) храна која асоцира на читање и книги, велат организаторите.

3E1FEAAF636A4140B10DF66F5FAAF47F
Бидејќи одредувањето главна тема од лани (Шекспир) се покажа како корисно, тие посочуваат дека и годинава одлучиле темата да биде: „КНИГИ И НИВНИ ФИЛМУВАНИ ВЕРЗИИ“.

157187-6-ti-festival-na-jadenje-knigi

-На располагање стојат куп наслови, па оправдувања од типот „не ми текнуваше што“ не се прифаќаат. Секако, доколку донесете и нешто друго поврзано со книги и читање вон главната тема ќе ви се важи, велат тие.

mkd-46136
Наградите, нагласуваат орханизаторите на „Фестивалот на јадење книги“ повторно ќе се одредат со гласање, а на учесниците, освен „шведската маса“ од ваши дела (гледајте да не се претерано концептуални, туку и да се јадат), им следува и пијачка. ВАЖНО: ГЛАСАЊЕТО ПОЧНУВА ВО 18 ЧАСОТ, НЕМОЈТЕ ДА ДОЦНИТЕ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top