По тригодишна процедура на анализи, процени и проверки од страна на експертски тимови, одобрен е пласманот на антибиотик на „Алкалоид“ на пазарите на водечките европски економии. Станува збор за антибиотикот „цефадроксил“, цефалоспорински антибиотик, кој во Република Македонија е познат под името „алицеф“, индициран за третирање на респираторни инфенкции, инфекции на кожата и на меките ткива и за уринарни инфекции.
Целиот проект, од развој на лекот до комплетирање на процедурата за негово авторизирање како што се наведува, траеше околу пет години, почнувајќи од анализа на пазарите, внимателен мониторинг на националните законодавни специфики на овие земји, усогласување на производот со најновите европски регулативи за фармацевтски производи како и соодветна анализа при Агенциите за лекови. Процената на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на овој антибиотик беше предмет на анализа на повеќе од 40 експерти од сите агенции за лекови на земјите вклучени во процедурата при што конечната позитивна одлука беше донесена на база на консензус на сите држави. Овој антибиотик, на пазарите Германија, Франција и Австрија ќе биде достапен од септември годинава.
„Алкалоид“ е извозно ориентирана компанија, која повеќе од 60 проценти од своето производство го пласира во повеќе од 30 земји во светот преку своите 16 канцеларии надвор од Република Македонија. Први на листата на приоритети покрај земјите во регионот на Југоисточна Европа, се и земјите-членки на Европската унија каде што „Алкалоид“ има повеќе од 200 маркетиншки авторизации (дозволи за пласман на лекови) издадени од соодветни институции, од кои повеќе од половина се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската унија (Процедура за меѓусебно признавање и Децентрализирана процедура).
Фармацевтските производи се највисоко регулирана категорија на производи во светот. Како проверен, безбеден и сигурен производител на лекови, „Алкалоид“ Скопје редовно ги минува контролите на реномираните мултинационални фармацевтски компании кои се наши партнери, како и инспекциите од страна на неколку европски агенции за лекови и храна, стои во соопштението од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци


