| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Заради забавувањето на европеизацијата на нашиот регион, пак се јавија големонационалистички проекти

g.ivanov

Поради забавување на европеизацијата во нашиот регион, повторно се јавија големо националистички проекти, оценува македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за унгарската државна телевизија МТВА. ­

– Во минатото имавме многу проблеми токму поради тие идеи. Во недостаток на европска идеја, бидејќи европската идеја е единствена сила што ги трансформира нашите општества и тоа доброволно за да ги воведеме европските стандарди, критериуми и принципи, во недостаток на таа трансформирачка моќ луѓето повторно влегуваат во гета и сакаат да бидат само со своите, а не со другите. Тоа го гледаме преку изјавите што ги има во последно време од одредени политичари од Балканот, кои повторно ги будат етничките нетрпеливости, стереотипи, изјави Иванов.

Македонскиот претседател смета дека во таква ситуација, наместо земјата да се занимава со реформи, наметната е платформата на албанските партии.

– Европската унија ја испушти шансата да ги осуди таквите гестови и таквите политики кои сега земаат замав и се шират. Исто така не очекувавме ниту од НАТО да премолчи, што нејзина членка презентира такви проекти и доаѓаат такви изјави од политичари на тие земји. НАТО мораше да реагира и да го спречи бидејќи еве сега тоа станува како домино. Почува да се шири во другите земји, се враќа реториката која што е е несоодветна за денешно време, се враќаат повторно големонационалистичките идеи и проекти и тука состојбата е вознемирувачка. Затоа населението реагира. Особено кај нас, нашето население тоа го искажува преку мирни и достоинствени протести дека не е веќе време да се отвораат тие рани кои што мислевме дека сме ги затвориле со завршување на конфликтите на Балканот, со Дејтонскиот договор, со Охридскиот договор. Чувствителна е сета оваа атносфера која што во последниве денова е во целиот регион. А тоа го користат и други актери кои се надвор од Европската Унија и НАТО, кои сакаат да имаат свое влијание на овие простори, вели претседателот Иванов во интервју за унгарската државна телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top