Состојбата на 15-годишната Т.Ц. од Куманово, која вчера беше тешкоповредена во сообраќајна несреќа, и натаму е критична.
Несреќата ја предизвикал полицаец.
Во коматозна состојба со тешки повреди на главата, девојчето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Нејзината врсничка, која, исто така, со повреди е пренесена во Скопје, е во стабилна состојба. Несреќата се случила откако „БМВ“ со кумановски таблички удрило во возило кое чекало на семафор и од силниот удар, автомобилот што стоел излетал од коловозот и удрил во двете девојчиња кои оделе по тротоарот.
Возачот кој ја предизвика несреќата се здобил со контузија на главата и е пуштен на домашно лекување. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



