| четврток, 6 декември 2018 |

Иринеј: На Србија и треба крал за да го обедини народот

Српскиот патријарх Иринеј смета дека на Србија денес и треба парламентарна монархија со крал кој би го обединил народот.

– На Србија и недостига цар или крал, односно, некој облик на парламентарна монархија во која кралот би бил обединувач на народот, изјавил патријархот за медиумите по литургијата по повод пренесувањето на моштите на кралот Петар Втори Караџорџевиќ од САД во Србија.

Иринеј смета дека Србија ги имала најсветлите моменти во историјата кога била водена од крал, па така парламентарна монархија би била корисна за земјата.

Кралот Петар по Втората Светска војна е прогласен за предавник и одземен му е целиот имот вклучувајќи го и комплексот на Дедиње во кој се вселил Јосип Броз Тито веднаш по ослободувањето на Белград во октомври 1944 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top