Саша Животиќ, фудбалер а Драгош од Орешковица, место кај Петровац на Млава, почина во неделата по натпреварот кој неговиот клуб го одигра против локалниот клуб Омладинац во Старчево.
Животиќ го одиграл целиот натпревар, а 15 минути по завршувањето му се слошило во соблекувалната.
Соиграчите со приватен автомобил се обиделе да го префрлат до болницата во Петровац, а на половина пат ги пресретнало и возило на итната помош, но на момчето му немало спас.
Саша Животиќ имал 29 години, играл за неколку локални клубови, а покрај фудбал играл и одбојка за екипата на Јединство од Каменово, каде и живеел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.