| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ формира контраздружение: „Легија на честа“ ќе ја брани тиранската платформа

petrovski640

СДСМ и Зоран Заев, со цел да ја одбранат тиранската платформа која во целост ја прифатија, формираат свое „граѓанско“ контраздружение наречено „Легија на честа“ составено од докажани Соросови активисти кои учествуваа во „Шарената револуција“.

Како што објавуваат Соросовите медиуми, претседател на ова здружение е Зоран Димовски, а негов заменик е Југослав Петровски, инаку и двајцата отворени поддржувачи на СДСМ и на Заев. Здружението формирало дури и свој Надзорен и Управен одбор, како и други тела и органи.

so-oliver640

И Димовски и Петровски беа дел од таканаречената „Шарена револуција“ на СДСМ/Сорос која со месеци дивееше, палеше и уништуваше низ главниот град. Преку ова контраздружение на СДСМ, истите Соросови активисти сега се вклучуваат за одбрана на Тиранската платформа, против Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која веќе два месеци мирно, гордо и достоинствено протестира низ цела Македонија.

dimovski-zekiri

Токму Југослав Петровски, кој директно учествуваше во Соросовата „Шарена револуција“, а сега се јавува како заменик-претседател на ова здружение, пред неколку дена пишуваше дека ја поддржува тиранската платформа, која, според него, била одлична основа за разрешување на отворените дилеми.

Jugoslav-Petrovski-1200x545_c-1

„Значи јас Jугослав Петровски ја подржувам “тиртанската платформа“ – која, по мое мислење, е одлична основа за конечно разрешување на отворените дилеми при една здрава собраниска расправа и при таквата расправа што поскоро да се дојде до собраниски компромис и допринос – а за да до тоа дојде, прво треба да се избере: НОВАТА РЕФОРМСКА ВЛАДА!“, напиша Петровски.

so-zaev

Дури и самите членови на таканареченото здружение признаваат дека 90% се членови на СДСМ.

post

Ова контраздружение нa СДСМ е формирано со цел да ја брани тиранската платформа прифатена од Зоран Заев и да внесува раздор меѓу македонскиот народ кој веќе два месеци протестира против тиранската платформа, која претставува вовед во федерализација на Македонија и разнебитување на унитарноста на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top