Наградата ја доделува Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи, за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството, соопштија од кабинетот на претседателот.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е одликуван со наградата „Неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори“ за 2016 година, што во мај, на свечена церемонија во Москва, ќе му биде врачена од патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил.
Наградата ја доделува Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи, за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството, соопштија од кабинетот на претседателот.
Носители на наградата за 2016 година, покрај претседателот Иванов, се и поглаварот на Коптската црква, патријархот Тавардос Втори и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Предвидено е свечената церемонија на доделување на наградата да се одржи на 23 мај 2017 година во храмот „Христос Спасител“ во Москва.
Престижната меѓународна награда која му се доделува на претседателот Иванов претставува признание на неговите заложби во засилување на православните меѓуодноси, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно засилување на принципите на верска толеранција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст