По повод критиките на еврокомесарот Јоханес Хан околу изјавата за промени на границите на Западен Балкан, косовскиот претседател Хашим Тачи возврати дека тоа покажува дека на Европската Унија и „недостасува лидерство и визија“ во конкретизацијата на европската перспектива за Косово.
-За жал, ваквите изјави од европски комесар го покажуваат тоа што го кажав многу пати досега: дека на ЕУ и недостасува водство и визија во конкретизацијата на европската перспектива за Косово“, напиша Тачи синоќа на својот профил на Фејсбук.
Тачи, исто така, тврди дека „проектот Голема Албанија е производ на српската пропаганда со цел да го примени својот проект за Голема Србија, што сега речиси функционира пред носот на ЕУ“.
Своите критики кон косовскиот претседател Хан ги упати вчера по разговорите во Брисел со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, порачувајќи дека се неприфатливи и контрапродуктивни изјавите на одделни лидери во регионот со кои се повикува на промена на границите.
Хан, претходно, изрази разочарување заради „запалливите изјави на одделни лидери во регионот“ и предупреди дека таквите изјави можат „да им се удрат од глава“ на оние кои ги кажуваат.
– Сакам да ја изразам својата разочараност, па дури и изнервираност заради запалливите изјави на одделни лидери во регионот. Таквите пораки, што можат да се сфатат како мешање во внатрешните работи на соседните земји и повикуваат на менување на границите, не се прифатливи и повеќе се контрапродуктивни, нагласи Хан.
Одговарајќи му на Хан на својот профил на Фејсбук, Тачи, исто така, наведе дека „дискриминацијата и изолацијата“ на косовските граѓани денес зборува „многу повеќе од монотоните изјави на некои претставници на ЕУ, што се повторуваат од 2000 година“.
Тачи порача и дека „нема Голема, ниту мала Албанија, има само Албанија и само Косово“, односно дека „добро е ЕУ да ја прифати оваа реалност и да почне Косово да го третира како независна и суверена држава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст