Една од најпознатите порноактерки на сите времиња, Трејси Лордс, имала тешко детство и нејзината исповед своевремено ја шокирала Америка.
Кон средината на 80-тите години, Трејси Лордс била најголема светска порноѕвезда, а по големиот скандал кој избил кога се дознало дека сите филмови за возрасни ги снимила додека била малолетна, блондинката ја напушта порноиндустријата и се посветува на “сериозни” остварувања.
Нејзините филмови и бујните облини им се добро познати на сите љубители на порнофилмови, но малку е познато дека Трејси има тажна животна приказна и тоа дека вистинско чудо што успеала да се извлече од пеколот кој го преживеала како тинејџерка.
Во едно од ретките интервјуа во кои зборувала отворено за својот приватен живот, Трејси со својата исповед кај Лери Кинг ја шокирала Америка. Таа раскажала дека татко ѝ бил алкохоличар кој ја тепал мајка ѝ, како и тоа дека нејзините родители се развеле кога таа била мала. Трејси, која вели дека била поразвиена од своите врснички, открила дека кога имала само 10 години, била силувана од момче од нејзиното училиште, кое било шест години постаро од неа. За сè да биде уште полошо, во наредните неколку години ја злоставувало и момчето на нејзината мајка. Во тоа време, Трејси, чие вистинско име е Нора Луиз Кузма, повеќе време минувала на улица отколку дома.
На 14 години забременила, а по абортусот го напуштила средното училиште.
Првиот порно филм, го снимила кога имала 15 години, а до 17 веќе била на хероин и кокаин. Кога се воспоставило дека Трејси била малолетна кога ги снимила повеќето од своите филмови, сите копии биле запленети и повлечени од употреба, поради што лидерите во овој бизнис изгубиле неколку милиони долари.
Инаку, единствениот порно филм кој може легално да се најде е “Tracy, I love You”, која актерката го снимила во 1986. година, два дена откако наполнила 18 години.
Тоа воедно бил и крајот на нејзината порнографска кариера. По неколку месеци минати на лечење од дрога, Трејси целосно го променила својот живот. Се запишала во актерско училиште во Њујорк и во наредните години се појавувала во многу серии и филмови.
Се обидела и како пејачка, а најверојатно нејзина најпозната песна е “Little Baby Nothing”, која ја снимила со бендот “Manic Street Preachers”. Дури три нејзини песни биле искористени во серијата “Sons of Anarchy”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.