| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани позитивни и решителни: За Македонија се работи

ohrid-9Граѓани на Охрид и попладнево се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Во име на учесниците на протестот порака испрати Лазо Ангелоски, кој рече дека се работи за опстанокот на Република Македонија, која е нападната и одвнатре и однадвор.

– Во овој хаос што се стори, а со причина тиранската платформа, се изроди и нешто позитивно. Се јави позитивна енергија кај народот, кај сите што живеат тука. Ова платформа што ја промовираат некои домашни и странски политичари не наиде на позитивен одзив кај народот, рече тој, притоа потсетувајќи дека таа никому не носи добро.

Ангелоски уште порача дека македонскиот народ е за соживот, тој никого не загрозува, но нема да дозволи некој да ги загрози.

Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, а оттаму маршираа низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top