| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци во еден глас побара нови избори

KAVADARCI
Протестен марш и вечерва се одржа во Кавадарци, од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која се залага за неприфаќање на платформата од Тирана и зачувување на унитарноста на државата.
Пред присутните говореше Гоце Ефремовски, претседател на граѓанското здружение „Древни Македонци” од Кавадарци. Тој меѓу другото повика да се отфрли тиранската платформа.

– Денес е време на разумот, од Македонецот се бара срце, да се надмине партиското и да се биде активен креатор на сопствената иднина и судбина, истакна Ефремовски.

Тој побара обединување и порача дека партиите, лидерите и владите се минливи и со рок на траење, според него државата е таа зад која сите ние треба да застанеме.

-Како што нашите предци несебично се жртвувале за нас, така и ние треба за идните генерации да покажеме и докажеме љубов кон татковината, нагласи Ефремовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top