Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски од Тетово денеска од собраниската говорница побара од Зоран Заев, тој и неговото семејство да се преселат во Тетово за да има прилика одблиску да ги следи случувањата за кој што тој преку прифаќањето на Тиранската платформа дава поддршка.
-Господине Заев, бидејќи се залагате за да се оди над Рамковниот договор, да се гласаат платформи, еве јавно ве повикувам доколку сте искрен во своите намери да ја поддржите иницијативата на тетовчани за формирање нова општина. Воедно ве поканувам да дојдете вие и вашето семејство да живеете во Тетово и одблиску да ги следите и доживеете промените за кои што ја дадовте вашата јавна поддршка, се обрати Манојлоски до Зоран Заев.
Манојлоски дополнително посочи за лицемерието со кое што се служат албанските партии кои што од една страна бараат права и почитување, а од друга страна во местата каде што се мнозинство и управуваат со локалната власт ги ускратуваат сите права на Македонците односно ги третираат како граѓани од втор ред, преставува се, само не соживот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст