| четврток, 6 декември 2018 |

На 17 години ми вети брак-се омажи за својот 25 години помлад ученик, а утре може да биде прва дама на Франција

макрон

Следните жители на Елисејската палата би можеле да бидат најмладиот француски претседател во модерната  историја и неговата 25 години постара сопруга.

Сопругата на Емануел Макрон, кој победи во првиот круг на претседателските избори во Франција е Бриџит Троње(64), поранешна наставничка по драма.

макрон2

Љубовната приказна на Емануел и Бриџит е необична, а многумина ќе речат и контраверзна.

Имено Брижит Троње е 25 години постара од својот сопруг, а се запознале кога тој имал само 15 години и тоа во приватно училиште во Ламјен, кое тој го посетувал.

макрон3

Младиот Емануел веднаш се заљубил во Бриџит која била мажена и имала 3 деца.

Тој ја сакал книжевнсота и глумел во некои претстави во драмскиот клуб кој таа го водела.

-Не беше како останатите, не беше тинејџер. Со возрасните имаше однос на рамна нога- изјавила таа во францискиот документарец снимен минатата година.

макрон4

 

Со 16 години Макрон отишол од Амјен како би го продолжил школувањето во Париз, ветувајќи притоа дека ќе ја ожени.

-Што и да правиш, ќе се оженам со тебе- рекол тинејџерот, кој подоцна тоа и го остварил.

Кога почнале гласините дека меѓу нив има нешто, родителите го пратиле во престижно училиште во Париз, Нивната љубов сепак преживеала, па години подоцна, кога Емануел имал 30 години, застанале пред олтар.

 

Инаку за Макрон се врзувале приказни дека е геј, но тој ги демантирал.

Тој со сопругата се појавува секаде и вели дека ако победи таа ќе има важна улога.

макрон5

-Таа отсекогаш е дел од мојот живот и ќе биде тука. И  должам многу работи, бидејќи придонесе да бидам тоа што сум – рекол Макрон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top