| четврток, 6 декември 2018 |

Силна порака: Скратете ја повеќе за да не може никој повеќе да ја влече! (Видео)

Причината поради која оваа жена ја скратила својата долга коса праќа една моќна порака…
На интернет пред околу еден месец се појавило видео, кое иако е снимено во Индија, не смее да биде занемарено во ниедна држава на светот.

На снимката може да се види девојка, која од фризерката бара нејзината убава долга коса да ја скрати колку што е можно повеќе. На прашањето зошто ја крати косата, младата жена одговара:

-Скратете ја повеќе, за да не може никој повеќе да ја влече.

Видеото било направено за да ја крена свеста кај жените дека доколку трпат семејно насилство, треба да го пријават веднаш, бидејќи постојат институции што ќе им дадат заштита и чувство дека не се сами.

Жртвите во повеќето случаи не знаат кому да му се обратат за помош, а, исто така, се случува и поради срам да молчат, верувајќи дека насилството еден ден ќе престане. Меѓутоа, кога еднаш ќе почне, насилството не престанува. Жртва може да биде која било жена, без разлика на годините, образованието, материјалната состојба или националноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top