| четврток, 6 декември 2018 |

Се повеќе епидемии на мали сипаници во Европа

Неколку епидемии на мали сипаници се регистрирани во Европа во изминатата година дена поради помал обем на вакцинирање, а погодени се деца и возрасни лица, соопштија здравствени официјални лица.

Повеќе од 1.500 случаи на мали сипаници се регистрирани во 14 европски држави во првите два месеца од 2017 година.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести наведува дека причина за толку голем број заразени е „акумулација на невакцинирани лица“.

Во десет држави, Австрија, Белгија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Шпанија и Шведска, бројот на регистрирани случаи во јануари и февруари 2017 година е двапати поголем отколку во истиот период во 2016 година.

Според податоци на СЗО, во 2015 година од мали сипаници починале 134.000 луѓе.

Од 1 март 2016 година до 28 февруари 2017 година во Европа се регистрирани 5.881 случај на мали сипаници, од кои 46 отсто во Романија, 24 отсто во Италија и 9 отсто во Британија. Во 2015 и 2016 година, околу третина заболени се лица постари од 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top