| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбастична вест од Oстровот, Гризман се договорил со Манчестер јунајтед

antoan grizman

Манчестер јунајтед го договорил трансферот на Антоан Гризман во летниот преоден рок, е веста што осамна во медиумите на Островот на почетокот на оваа седмица. „Црвените ѓаволи“ ќе платат отштета од 100 милиони евра, а Французинот ќе добие и фантастични услови за својот престој на „Олд трафорд“.

Жозе Мурињо интензивно бара нов напаѓач, а потрагата е уште позасилена откако Златан Ибрахимовиќ заработи тешка повреда на коленото и ќе паузира девет месеци, што значи дека ќе го пропушти и првиот дел од следната сезона. Португалецот го има Гризман за свој прв пик, а раководството на клубот во летниот преоден рок и дефинитивно треба да ја заврши работата, која веќе подолг период се најавува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top