| четврток, 6 декември 2018 |

Децата врескале од страв: Девојче прободено пред училиште среде бел ден во Србија

Непознат насилник со нож расекол малолетничка од Белград, во парк пред основно училиште, дознава српскиот „Курир“.

Напаѓачот на возраст меѓу 30-40 години, со црна јакна на себе и брада, ја пресретнал малолетничката, која има 14 години, во паркот пред училиштето, додека таа се враќала од пекарница по одморот. Ѝ се приближил, ја фатил за коса и почнал да ја влече. Децата што биле сведоци на настанот, почнале да плачат и да врескаат, велат сведоци за српски „Курир“.

Девојчето се спротивставувало, но напаѓачот извадил нож и го прободел во грбот и откако паднало на земја, го расекол по рацете и заминал во непознат правец.

Итната помош веднаш го однела девојчето в боница, каде што лекарите се грижат за нeго.

По пријавата в полиција се прегледуваат сите снимки од безбедносните камери и се бара насилникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top