Просечната стапка на невработеност на ниво на целата 2012 година достигна 19,1 отсто, што е највисоко ниво на регистрирана стапка на невработеност од 2003 година, кога изнесувала 19,5 проценти.
Според експертите Хрватска има типично сезонски пазар на труд и во туристичката предсезона и сезона бележи пораст на вработеноста, а по сезоната намалување.
Притоа, дополнително е оптоварена со продолжената рецесија. Рецесијата трае веќе четири години, приватниот сектор се привикнал на одамна настаните околности, а високата невработеност главно доаѓа од приватниот сектор. Според хрватскиот завод за вработување моментално без работа се 369.805 граѓани.
Заради рецесијата лани е зголемен бројот на невработени во светот за четири милиони – на 197 милиони, а за оваа година се предвидува зголемување за уште 5,1 милиони невработени, објави денеска Светската организација на труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


