Лидерката на францускиот десничарски Национален фронт, Марин ле Пен, која вчера влезе во вториот круг од претседателските избори во Франција, има тврдокорен став за имиграцијата, но лично се обиде делумно да ја ублажи радикално десничарската политика на својата партија и нејзините контроверзни ставови за странците.
Таа се залага за автоматско исфрлање на нелегалните имигранти, со намалување на бројот на легални мигранти на 10.000 годишно, затворање на „екстремистичките џамии“ и давање приоритет на Французите во доделувањето социјални станови.
Во еден момент, Националниот фронт се залагаше и за напуштање на еврото, а неодамна таа кажа дека сака да организира референдум за прашањето на националната валута.
Најново што најави е дека сака да се обиде повторно да го договори членството на Франција во ЕУ, а доколку тоа пропадне, ќе бара одржување референдум.
Се залага за пензионирање на 60 години и гарантирана 35-часовна работна недела, пренесува „Би-Би-Си“.
На чело на Националниот фронт е од 2011 година, кога местото претседател на партијата го презеде од својот татко Жан Мари ле Пен и во изминатите шест години успеа да го подобри рејтингот на партијата, што беше особено забележливо на регионалните избори во 2015 година.
Пред да застане на чело на партијата Ле Пен работела како адвокат.
Марин ле Пен е и членка на Европскиот парламент, а се залага за преговори за новата ЕУ, по што би следел референдум.
Нејзината предизборна кампања ја следеше скандалот со финансирањата на нејзините советници во Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст