| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за страшната сообраќајка кај Групчин: Загина Александар Димчевски – Трска, член на навивачката група „Војводи“

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот утрово близу патарината Групчин, загина еден тетовец. Како што потоа извести навивачката група „Војводи“ на својата Фејсбук-страница, станува збор за Александар Димчевски – Трска, еден од нивните истакнати членови.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ управуван од возачот А.Д. (40)на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар го загубил животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top