Меријем Узерли, позната по улогата на Хурем во серијата „Величествениот“, сѐ уште е во болница во Германија, каде што се лекува од депресија. Продуцентите на серијата ѝ упатија предупредување да се врати на снимањето, но актерката одби да го стори тоа порачувајќи преку социјалните мрежи дека прво треба да закрепне.
– Многу ми е жал што дури сега се јавувам, но денеска прв ден се чувствувам подобро. Што се однесува до лекувањето, најтешкиот дел е зад мене – напишала Меријем на нејзиниот профил на „Фејсбук“ обраќајќи им се на фановите.
Таа им се заблагодарила на сите што не ја осудиле нејзината постапка.
– На депресијата и на престојот во болница гледам како на фаза од мојот живот. Сепак, сите сме луѓе и имаме свои подеми и падови. Се надевам дека по лекувањето ќе бидам многу посилна. Сега најважно ми е што сум жива – порачала Меријем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


