| четврток, 6 декември 2018 |

На овие хороскопски знаци во 2017 ќе им се исполнат сите желби

Сите знаеме дека дека секој од нас си ја крои сопствената судбина, но сепак кога се ѕвездите во прашање ова се трите хороскопски знаци кои ќе имаат малку повеќе среќа во љубовта ова лето и тоа треба да го искористат.

Водолија 

Припадничките на овој знак имаат најголеми шанси да ја официјализираат својата врска или да дознаат дека ќе станат мајки. Најтоплите месеци во оваа година ќе бидат особено поволни кога станува збор за семејните врски. Овој период е особено плоден за започнување на сериозна врска, додека пак за паровите кои се долго време заедно е совршено време да го кажат судбоносното ДА.

Рак 

Есента ќе биде посебно поволен период кога се во прашање љубовните врски на најемотивниот знак во хороскопот. Раковите конечно ќе можат да се извлечат од лошата врска или пак ќе официјализираат нешто што долго го посакувале. Нежните и емотивни Ракови копнеат за брак и верен партнер, па во текот на летото ќе запознаат токму некој таков. Доколку веќе подолго време размислувате за некој воздушен знак, во текот на јули ве очекуваат незаборавни моменти кои ветуваат сериозна врска.

Лав 

Иако огнените Лавови мислат дека нивното време да се смират сè уште не пристигнало, летово тоа ќе се смени. Во текот на летото нивната комплицирана ситуација конечно ќе се реши и нештата ќе биде многу појасни. Јули и август кои се нивни месеци ќе им донесат многу насмевки и љубов, но и понуди за брак. За Лавовите кои се во врска подолго време ова е вистински момент да кажат ДА или барем да размислат за тоа, додека оние кои се сами можат да очекуваат љубов на која нема да можат да ѝ одолеат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top