| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје: Новиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега

Новиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се зазема и уништува зеленило во градскиот парк, реагираат од Град Скопје.

„Апелираме до сите медиуми за сите прашања поврзани со кој било проект кој е во надлежност на Градот Скопје, да се обратат до нас за да се избегнат вакви ситуации. Дополнително, апелираме до сите медиуми да бидат внимателни при изборот на извори од кои пренесуваат информации, бидејќи во изминатиов период се соочуваме со зачестена појава на т.н. „лажни вести“, кои во потрага на поголема читаност и популарност, објавуваат спектакуларни и сензационалистички натписи кои се направени непрофесионално, не ги почитуваат правилата и стандардите на професионалното новинарство и истите се полни со лажни и тенденциозни информации“, се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top