| четврток, 6 декември 2018 |

Неуморни и истрајни во своите барања: 56-ти ден „За Заедничка Македонија“ кажа гласно „НЕ“ на Тиранската платформа

Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт поради обидот директно да се удри по темелите на македонската држава. Граѓаните 56 дена преку протести и разни други активности јасно и гласно кажуваат „НЕ“ за Тиранската платформа.

На овој 56-ти ден имаше настан од културата, односно читање поезија и изложба на ракотворби од вредните Македонки.

-Почитувани дами и господа чест ми е да ве поздравам денеска, да ви пожелам добредојде на нашиот настан од културата, читање поезија, изведба на исечок од драмата на Ката Мисиркова Руменова – Султана. Како и изложба на ракотворби на нашите вредни Македонки, изјави една од главните организаторки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Елена Мисиркова.

za-zaednicka-makedonija-2-640x360

-Денеска ви се обраќам не во својство на концертен пијанист, како што гледаме нема концертно пијано, но драго ќе ми беше да можев да ве поздравам со музички поздрав, туку во својство на еден од иницијаторите или еден член на иницијативниот одбор на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која што повеќе од 55 дена е активна, чекори по улиците на нашиот град во одбрана на унитарноста на нашата држава. Кратко ќе споменам, мојот основен постулат е и останува семакедонско граѓанско обединување во реализирање на општиот виш интерес, со кој што ние мораме да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци, изјави Мисиркова.

Мисиркова кажа дека доаѓаат многу емисари, многу гласници во нашата држава кои што уште не условуваат како Скопје или вашата држава, а не Македонија.

4-1

-Потекнувам од коленото на големиот Крсте Петков Мисирков, кој што пред повеќе од 100 години напиша постулати со кои се соочуваме до ден денес. Сто години потоа ние мораме се уште да се бориме нашата земја да биде признаена под нејзиното уставно име, Република Македонија. Доаѓаат многу емисари, многу гласници, кои што сеуште не не условуваат со нашето име, не нарекуваат вашата земја или дојдовме во Скопје. Република Македонија не е само еден град како што знаеме, изјави Мисиркова.

5-640x360

Таа кажа дека ќе останат на своите постулати и понатаму и нема да се дозволи двојазичност на територијата на Република Македонија.

Мисиркова порача и дека е време натпартиски да се обединиме за заштита на татковината.

-Заблагодарувајќи ви се на вас за големото присуство денеска, за големиот интерес за нашиот настан, ќе ја искористам можноста да го поздравам нашиот претседател, господинот Ѓорге Иванов, кој што ни даде несебична поддршка на нашиот пат, не сосем лесен, повторно по малку трнлив, но ќе истраеме, заради тоа што постулатите за заедничка Македонија, нашата идеја е сите заедно, натпартиски да се обединиме. За момент да не заборавиме дека единствена партија ни е Република Македонија, изјави Мисиркова.

11-640x360

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top