| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како во Швајцарија се штитат насадите од пролетните мразови (Видео)

Владата на синоќешната вонредна седница одлучи да се формираат комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот. Тие од утре ќе излезат на терен и ќе направат записници за штетите.

-Изминатите две вечери температурите се спуштаа и до минус седум степени и може да се заклучи дека штетите кај овошните и лозовите насади се доста големи. Земјоделците треба да бидат безгрижни и сигурни дека ќе ги обештетиме, имајќи во предвид дека и во изминатите години сме имале вакви штети. Ќе најдеме начин и пари да ги обештетиме“, изјави министерот Цветков по владината седница.

Тој објасни дека согласно законот штетите се исплаќаат до 100 отсто и не е стриктно утврдено колкав ќе биде процентот на исплата.

Сепак во иднина за да се заштитат нашите земјоделци од временските неприлики може како совет да го земат и ова видео, односно како во Швајцараија нивните колеги ги штитат насадите од мразеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top