Oд осум часот изутринава отворени се 69.245 гласачки места во Франција, каде се повикани да гласаат 45,7 милиони гласачи во Франција и 1,3 милиони француски гласачи кои живеат во странство, на првиот круг од претседателските избори, на кои има единасет кандидати, јавуваат од Париз.
Избирачите од прекуморските департмани и територии на Франција, кои се наоѓаат на другите континенти гласаа вчера.
Првите неофицијални резултати, односно проценки ќе бидат соопштени по 20 часот, по локално време, кога ќе бидат затворени последните гласачки места.
За прв пат годинава гласачките места во најголемиот дел ќе затворат во 19 часот, практиката беше вообичаено 18 часот.
Предизборната кампања за претседателски избори 2017 беше непредвидлива. Ништо не одеше според планираното, а така може да биде и при гласањето, посебно ако се знае дека само неколку часа пред гласањето, меѓу една третина и една четвртина од избирачите се уште немаа направено избор мешу единаесетте кандидати, посебно кај симпатизерите на лезвицата. Според анкетите атенатотот на Шанзелизе не влијае на ориентацијата на гласачите.
Околу 50.000 припадници на силите за безбедност ќе го обезбедуваат гласањето, бидејќи покрај опасноста од тероризмот, Централната дирекција за јавна безбедност стравува од инциденти во случај да има квалификација во вториот круг на кандидатот на Националниот фронт, Марин Ле Пен, или на Жан-Лук Меланшон Бунтовна-непокорна Франција,. Тогаш се стравува од акции на крајно-левичарските движења кои би можеле да преминат во акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст