| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија У14 го освои развојниот турнир во Ерменија

F55348324EBC334D8161761BC2B74583Македонската репрезентација до 14 години го освои развојниот турнир во Ерменија. Нашите млади фудбалери под водство на селекторот, Златановски во финалето ја совладаа соодветната селекција на Белорусија.

По подобро изведување на пеналите односно со конечни 6:5. Во регуларниот дел од мечот резултатто гласеше 1:1. Македонија дојде во водство преку Славче Живков на стартот на второто полувреме, а противникот израмни преку удар од единаесет метри. Токму пеналите требаше да одлучат кој ќе биде победникот на овој меч, а нашите млади фудбалери се покажаа како одлични изведувачи на најстрогата казна. Секако дека ова е успех за нашата млада селекција, кој се вбрпјува во ретките на нашите млади репрезентации. Да се надеваме дека во иднина ќе имаме уште многу вакви поводи за радост. Подоцна денеска на свеченото затворање на турнирот ќе бидат доделени пехарот како и наградите за најдобар играч и стрелец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top