Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа мирен протест пред црквата во Кичево.
Пред учесниците на протестот во име на граѓанската иницијатива се обрати Даме Силјаноски, порачувајќи дека нема да дозволат никој да ја уништи иднината на Македонија со платформи направени во соседни држави.
– Не ни требаат чадори од надвор, бидејќи народот е чадорот на унитарна Република Макеоднија, на нејзиниот устав и мултиетничко општество. Народот е чадорот на волјата искажана на избори и нема да дозволиме никој да ја уништи иднината на Македонија со платформи направени во соседни држави, рече тој.
Истакна дека Македонија е будна и подготвена особено за оние кои залегнати пред компјутер пишуват дека тиранската кооалиција требало поодлучно и наслино да ги скрши деловникот и законите и да избере по секоја цена преседател на Собранието.
Силјаноски ги повика граѓаните кои се уште не излегле на протестите да им се придружат за заштита на заедничка Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст