Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш во Кавадарци. Пред присутните на градскиот плоштад говореше актерката Милица Гочевска. Во своето обраќање, таа рече дека повторно протестираат со единствена цел, да го одбранат македонскиот идентитет.
– Народот обединето застана во одбрана на сите оние нешта кои се свети за нас. Името, јазикот, химната и знамето. Нашиот идентитет не е за продажба, нагласи Гочевска.
Кавадарчани како и досега, мирно протестираа движејќи се низ централното градско подрачје, по улицата „Илинденска”. Протестот стартуваше од пред новоизградената црква „Света Петка” во новиот центар и продолжи до плоштадот, пред општинската зграда.
Приврзаниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со македонски знамиња, државната химна и револуционерни патриотски песни, ги повторија барањата од кои нема да отстапат, се додека не се исполнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст