Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, предупреди дека доколку Европската Унија се двоуми во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се „ангажира“ во овој регион.
– Како што знаеме, политиката се гнаси од вакуум. Ако се колебаме во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се ангажира и тој некој веќе се обидува, рече Хан на Универзитетот Принстон.
Според него, проширувањето на ЕУ, со сите услови и критериуми, „е најдобрата безбедносна политика“ што Унијата кога било ја имала, но таа не е „бесплатен ручек“, пренесе Танјуг.
– Само локалните лидери можат да ја средат работата и да им ја претстават на своите граѓани. Тие мораат да ја преземат одговорноста и да градат врз веќе постигнатиот напредок, нагласи тој.
– Мораме да видиме политичка волја место политички игри, и вистинско спроведување на реформите, не на хартија, туку на терен, особено во клучните области од владеењето на правото, конкурентноста и поврзувањето. Тоа може да ги загрози деловните модели на поединци, но стратешки, не постои алтернатива. Нивните граѓани тоа го знаат- порача Хан.
Хан заклучи дека Унијата е „далеку најдобрата игра во градот“, но нагласи дека сите мораат да бидат подготвени да ја играат.
– Мораме да бидеме подобри и поцврсти во користењето на нашата мека моќ на привлекување. Не смееме да ја земеме здраво за готово. Европската гравитација може да биде сила на природата, но мора интелигентно да биде распоредена“, порача Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст