| четврток, 6 декември 2018 |

Стеван Гаиќ: Албанија и Бугарија сакаат да ја поделат Македонија

Сведоци сме како претседател на една мала и животозагрозена Македонија им одржа лекција на сите политичари на југословенскиот простор. Овој пат, тој одби да се сретне со Карл Билт, кој заедно со американскиот сенатор Џон Мекејн се најпрепознатливи лица на агресивната политика на она што го претпоставуваме како политички Запад.
Наместо средба – што на нашата географска ширина наложува сервилен, некој вид бонтон кога се работи за комуникација со треторазредни, а понекогаш и опскурни посетители како Јелко Кацин – Иванов уште еднаш го втера Билт во лага, пишува Стеван Гајиќ од Институтот за Европски студии во Белград.

На прашањето на еден македонски новинар дали тој барал прием кај Иванов, Билт, без размислување одговорил дека не побарал, а тогаш во македонските медиуми протече факсимил од дописот на Европскиот совет за надворешни односи, каде што Билт е копретседател, од кој се гледа дека оваа НВО пред 13 дена го известила кабинетот на Иванов дека би биле “воодушевени” да разговараат со македонскиот претседател за “огромните предизвици” со кои е соочен “Западниот Балкан”.

Кабинетот на Иванов ја потврди автентичноста на факсимилот од писмото на ЕЦФР. Наместо со Иванов, што беше главна цел на посетата, како и оние на претходните комесари на ЕУ за проширување, Јоханес Хан, Билт како и Хан се сретнаа со вообичаените соговорници – лидерите на партиите кои ја поддржуваат тиранската платформа, Зоран Заев од СДСМ и албанските партии.
Другиот аспект на посетата е потенцијално многу поопасен и посериозен.

stevan gajic

Пред Билт, ЕЦФР најави и пристигнување на Роберт Купер, прв преговарач на ЕУ во процесот на предавање на државните ингеренции на Србија преку еуфемистички наречениот “Бриселски договор”. Купер е автор на книгата “The breaking of Nations: Order and Chaos in the Twenty-first century” Разбивање на нации, поредок и хаос во 21 век).

Иванов на гости му се најавија и претседавачите на Центарот за либерална стратегија Иван Крастев, вишиот програмски директор на ЕЦФР Весела Чернева, директорот на програмата на ЕЦФР за проширување на Европа Фредерик Веслау, како и директорот Марк Ленард.

Времето ќе покаже дали ваквиот состав на делегациите, кои ги чинат и атлантски настроени Бугари како Крастев, се поврзани со интензивните преговори за формирање на нова бугарска влада, чии преговори се во тек овие денови. Судејќи по се, премиерот, со така тенко мнозинство, одново ќе биде Бојко Борисов, некогашен телохранител на бугарскиот диктатор Тодор Живков, познат по растурањето на проектот Јужен тек, со што директно ја подри бугарската (и наша) енергетска сигурност и забрзан развој заснован на евтин енергенс.

Според бугарските медиуми, во преговори се за влез во владата да обезбеди и Красимир Каракачанов кој заедно со проруската Атака е во коалицијата “Патриоти#. Каракачанов како претседател на бугарското ВМРО (кое треба да се разликува од македонското ВМРО-ДПМНЕ кое е бугарското е далеку од добри односи) и за разлика од Атака – тој во континуитет истапува како германофил, атлантист и русофоб.

Неговата партија повеќепати организираше неонацистички маршеви налик на оние во Украина или во балтичките државички.

Во времињата кога Бугарија и нејзините витални национални интереси реално, и во континуитет, единствено ги загрозува Турција, јуришниците на Каракачанов наоѓаат за сходно погледот да го упатат на другата страна откаде не се заканува никаква опасност, што исклучиво може да послужи на туѓи интереси, антисловенски, антиправославни, а најмногу антибугарски.

На тие маршеви една од популарните пароли е “граница со Хрватска, по пет Срби на нож”. Веќе и само по себе ова не може, а да не е загрижувачко, особено ако се знае дека во медиумите во Бугарија Каракачанов се спомнува како можен министер за одбрана, а веќе во светло на една опашка на бившиот директор на американскиот “Стратфор” (приватна разузнавачка агенција) Џорџ Фридман.

Тој пред неполни три години, на конференција на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој во Белград, изјави: “To you, the question is Bulgaria… and very frankly, strategically, the United States has written Bulgaria off” – за Србите “прашањето е Бугарија, а искрено САД стратешки ја отпишаа Бугарија”.

Имајќи го во вид манирот на Каракачанов, тој би можел да биде поставен на министерско место за да шири запаллива реторика или дури и акции против Македонија.

Во светло на предупредувањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров од 2015 година дека Албанија и Бугарија сакаат да ја поделат Македонија (секако, според рецептот од Втората светска војна), треба со зголемено внимание и спремност да се очекуваат навестувањата по исходот од преговорите за формирање на бугарска влада.

Ваков развој на случувањата не би бил во ничиј интерес, првенствено не на нашите браќа по вера и потекло Бугари, кој како и Србите (и Македонците) демографски исцрпени. Посебно е Бугарија загрозени поради одливот на младото и работоспособно население кое доби размери на епидемија.
Не треба да се паничи, но секако одговара да се обрне внимание и да не се дозволи непријателите на балканските православци и странските мешетари да ги заведуваат словенските и православни народи на Балканот, посебно во моменти кога Реџеп Таип Ердоган во Турција се консолидира како авторитарен лидер и не покажува желба да престане да помага на сепаратистичките тенденции во Србија, Грција, Македонија и Бугарија, како и против Србите од агресивно расположениот Бакир Изетбеговиќ во БиХ.

Дебелото искуство нам ни говори дека мешетарите како Билт, Купер и Мекејн не доаѓаат тука во добра намера. Целта им е да се завладеат Словените и превентивно да се сруши било каква можност за руско (и кинеско) влијание на Балканот. Како и на почетокот на 20 век, Албанците се камен во туѓа рака со кој треба да се ослабнат православните држави, а се поагресивните и отворени непријателски изјави на албанскиот премиер Еди Рама и другите лидери на Албанците најавуваат нови судири.

Најмалку една работа е надвор од било каков сомнеж: на сите кој ваквиот развој на ситуацијата не им е во интерес – пример да се угледаат им даде Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top