40 пожарникари го гаснеле пожарот што избувна денска и ги зафати бараките на Заводот за урбанизам и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во скопската населба Карпош. Гореле три бараки на кои веднаш било интервенирано, со цел да се спречи ширењето на пожарот. Според информациите кои ги даде командант Ѕвонко Томески за „Република“, во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникарски возила, а на помош биле повикани и возила на Водовод и канализација, за дотур на вода. За среќа нема повредени лица, но причината е голема матерјална штета. Според изјавата на Томески се уште не е познато како настанал пожарот. Од МВР за „Република“ велат дека информации за настанатата штета од пожарот ќе има во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст