| четврток, 6 декември 2018 |

Предвременото породување – еден од најсериозните проблеми во перинатологијата

Бре­ме­но­ста мо­же да ини­ци­ра про­ме­ни на одре­де­ни ор­га­ни со на­ру­шу­ва­ње на нив­на­та функ­ци­ја, пред сѐ по­ра­ди прет­ход­ни за­бо­лу­ва­ња. Не­оп­ход­ни се ре­дов­ни кон­тро­ли и прег­ле­ди од ги­не­ко­лог со цел на­вре­ме­но да се де­те­кти­ра­ат евен­ту­ал­ни­те проб­ле­ми. Се пре­по­ра­чу­ва ре­дов­ни­те кон­трол­ни прег­ле­ди да се из­вр­шу­ва­ат во ин­тер­вал од че­ти­ри до шест не­де­ли во те­кот на це­ла­та бре­ме­ност

Се­ко­ја бре­ме­ност е по­себ­на, спе­ци­фич­на и се­ко­ја же­на са­ка неј­зи­на­та бре­ме­ност да по­ми­не без комп­ли­ка­ции, а ри­зи­ци­те да би­дат све­де­ни на ми­ни­мум. За­тоа се не­оп­ход­ни ре­дов­ни прег­ле­ди кои нај­че­сто се из­вр­шу­ва­ат во ин­тер­вал од че­ти­ри до шест не­де­ли во те­кот на бре­ме­но­ста. За тоа кои ул­траз­вуч­ни прег­ле­ди и те­сто­ви се не­оп­ход­ни, за ам­ни­о­цен­те­за­та и кои ро­дил­ки по­ве­ќе се скло­ни кон ри­зич­на бре­ме­ност раз­го­ва­рав­ме со при­ма­ри­ус д-р Ва­сил Јо­вков­ски, ги­не­ко­лог-аку­шер.

Зо­што се важ­ни ре­дов­ни­те прег­ле­ди?

ЈО­ВКОВ­СКИ: Бре­ме­но­ста е пер­и­од во кој се од­ви­ва­ат важ­ни фи­зи­о­ло­шки про­ме­ни во ор­га­низ­мот на же­на­та. Во тие хор­мон­ски и би­о­хе­ми­ски про­ме­ни, про­ме­ни на ме­та­бо­лиз­мот и дру­ги про­ме­ни учес­тву­ва­ат ре­чи­си си­те ор­ган­ски си­сте­ми во те­ло­то на же­на­та. Со тоа се овоз­мо­жу­ва нор­ма­лен раст и раз­вој на пло­дот, од по­чет­ни­от мо­мент на кон­цеп­ци­ја­та, па сѐ до кра­јот на бре­ме­но­ста кру­ни­сан со актот на по­ро­ду­ва­ње. Од дру­га стра­на, бре­ме­но­ста мо­же да ини­ци­ра про­ме­ни на одре­де­ни ор­га­ни со на­ру­шу­ва­ње на нив­на­та функ­ци­ја, пред сѐ по­ра­ди прет­ход­ни за­бо­лу­ва­ња. По­ра­ди се­то тоа, не­оп­ход­ни се ре­дов­ни кон­тро­ли и прег­ле­ди од ги­не­ко­лог со цел на­вре­ме­но да се откри­јат евен­ту­ал­ни­те проб­ле­ми во те­кот на бре­ме­но­ста. Се пре­по­ра­чу­ва ре­дов­ни­те кон­трол­ни прег­ле­ди да се из­вр­шу­ва­ат во ин­тер­вал од че­ти­ри до шест не­де­ли во те­кот на це­ла­та бре­ме­ност.

Кои ул­траз­вуч­ни прег­ле­ди и те­сто­ви се не­оп­ход­ни се­ко­ја же­на да ги на­пра­ви во те­кот на бре­ме­но­ста?

ЈО­ВКОВ­СКИ: Ге­не­рал­но, бре­ме­но­ста е пер­и­од што овоз­мо­жу­ва про­це­на на оп­што­то здрав­је на же­на­та. Во по­че­то­кот, одре­ду­ва­ње­то на ру­тин­ски­те ла­бо­ра­то­ри­ски те­сто­ви ќе по­мог­не да се откри­јат евен­ту­ал­ни на­ру­шу­ва­ња или по­тен­ци­јал­ни ри­зи­ци за здрав­је­то на па­ци­ен­тка­та. Во ру­тин­ски ла­бо­ра­то­ри­ски те­сто­ви спа­ѓа­ат: комп­лет­на крв­на сли­ка и ана­ли­за на ури­на, но и не­што што се­ко­ја же­на мо­ра да го има, а тоа е одре­де­на крв­на гру­па и Рх фа­ктор. Пре­по­рач­ли­во е, освен на по­че­то­кот, крв­на сли­ка со про­цен­ка на хе­мог­ло­бин и хе­ма­то­крит да се по­вто­ру­ва пер­и­о­дич­но во те­кот на бре­ме­но­ста. По­крај ру­тин­ски­те ла­бо­ра­то­ри­ски ана­ли­зи, се со­ве­ту­ва­ат и спе­ци­фич­ни те­сто­ви за де­тек­ци­ја на пре­ле­жа­ни ин­фек­ции, ка­ко, на при­мер, хе­па­ти­тис Б, ка­ко и одре­де­ни се­ро­ло­шки ана­ли­зи, но и одре­ду­ва­ње на ни­во­то на ше­ќер во кр­вта. Во пр­ва­та по­ло­ви­на од бре­ме­но­ста (нај­до­бро во пр­ви­от три­ме­стар) тре­ба да се зе­мат цер­ви­кал­ни при­ме­ро­ци, т.н. ПАП тест, ка­ко и ми­кро­би­о­ло­шки при­ме­ро­ци. Се раз­би­ра, од есен­ци­јал­но зна­че­ње е ул­траз­вуч­ни­от прег­лед што тре­ба да се на­пра­ви во пр­ви­те не­де­ли од бре­ме­но­ста, нај­че­сто ме­ѓу сед­ма­та и ос­ма­та ге­ста­ци­ска не­де­ла (за одре­ду­ва­ње на ге­ста­ци­ска­та во­зраст и одрж­ли­во­ста на пло­дот), а по­на­та­му во те­кот на це­ла­та бре­ме­ност со ул­траз­вуч­ни прег­ле­ди во ин­тер­ва­ли од че­ти­ри до шест не­де­ли се сле­дат рас­тот и раз­во­јот на пло­дот, ка­ко и откри­ва­ње евен­ту­ал­ни ано­ма­лии на фе­ту­сот.

zdr242-dr-vasil-jovkovski-2

На кои ро­дил­ки им се пре­по­ра­чу­ва ам­ни­о­цен­те­за и да­ли е не­оп­ход­но за си­те над 35 го­ди­ни?

ЈО­ВКОВ­СКИ: Ан­те­на­тал­на ди­јаг­но­за на ге­нет­ски на­ру­шу­ва­ња е ед­на од нај­важ­ни­те при­до­би­вки во пер­и­на­то­ло­ги­ја­та. Тоа се пра­ви со ана­ли­за на ам­ни­он­ска­та теч­ност (пло­до­ва во­да) по пат на т.н. ге­нет­ска ам­ни­о­цен­те­за. Нај­че­ста ин­ди­ка­ци­ја за ам­ни­о­цен­те­за е во­зра­ста на же­на­та, од 35 го­ди­ни или над тоа, во вре­ме­то на по­ро­ду­ва­ње. Но, ам­ни­о­цен­те­за се пре­по­ра­чу­ва и кај ро­ди­те­ли со поз­на­ти хро­мо­зом­ски аб­нор­мал­но­сти, кај прет­ход­но ра­ѓа­ње де­те со хро­мо­зом­ски про­ме­ни, кај ро­ди­те­ли што се но­си­те­ли на ре­це­сив­ни ге­нет­ски на­ру­шу­ва­ња, кај труд­ни­ца со по­ка­чен се­рум­ски ал­фа-фе­то­про­те­ин и дру­ги по­ре­тки со­стој­би. Иде­ал­но вре­ме да се на­пра­ви ам­ни­о­цен­те­за е ме­ѓу 15-та и 17-та ге­ста­ци­ска не­де­ла.

Кои ро­дил­ки се по­ве­ќе скло­ни кон ри­зич­на бре­ме­ност?

ЈО­ВКОВ­СКИ: Одре­де­ни со­стој­би мо­же да ја комп­ли­ку­ва­ат бре­ме­но­ста или да го ком­про­ми­ти­ра­ат неј­зи­ни­от тек и ис­ход. Тие нај­че­сто се ус­ло­ве­ни од прет­ход­но на­ру­ше­ни функ­ции на ви­тал­ни­те ор­га­ни, од хро­нич­ни бо­ле­сти кои не би­ле из­ле­че­ни, но и од акут­ни со­стој­би што се по­ја­ви­ле во бре­ме­но­ста, ка­ко, на при­мер, по­те­шки ин­фек­ции, изра­зе­но­те­шки кр­ва­ве­ња и слич­но. Кар­ди­о­ва­ску­лар­ни бо­ле­сти (вро­де­ни ср­це­ви ано­ма­лии), хро­нич­ни бу­бреж­ни бо­ле­сти со пре­ег­зи­сти­рач­ка хи­пер­тен­зи­ја (по­ка­чен кр­вен при­ти­сок), за­бо­лу­ва­ња на цр­ни­от дроб, ди­ја­бе­тес или дру­ги на­ру­шу­ва­ња на ор­га­низ­мот прет­ста­ву­ва­ат фа­кто­ри на ри­зич­ни кои се­ри­оз­но мо­же да ги ком­про­ми­ти­ра­ат бре­ме­но­ста и здрав­је­то на же­на­та. За­тоа е мно­гу важ­но на­вре­ме да се пре­поз­на­ат и да се тре­ти­ра­ат со­од­вет­но, со се­ри­о­зен при­стап од ви­со­ко­про­фе­си­о­нал­ни струч­ња­ци, а по по­тре­ба да би­дат на­вре­ме­но хос­пи­та­ли­зи­ра­ни во спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни уста­но­ви со ви­со­ки здрав­стве­ни стан­дар­ди. Со­вре­ме­на­та ме­ди­ци­на го овоз­мо­жу­ва тоа и са­мо на тој на­чин ќе се на­ма­лат ри­зи­ци­те по здрав­је­то на ро­дил­ка­та и на бе­бе­то.

Зо­што рас­те бро­јот на пред­вре­ме­но ро­де­ни де­ца во Ма­ке­до­ни­ја и на де­ца ро­де­ни со по­ма­ла ро­дил­на те­жи­на? Да­ли тоа мо­же да се спре­чи и ка­ко?

ЈО­ВКОВ­СКИ: Пред­вре­ме­но­то по­ро­ду­ва­ње прет­ста­ву­ва еден од нај­се­ри­оз­ни­те проб­ле­ми во пер­и­на­то­ло­ги­ја­та. Комп­ли­ка­ци­и­те по­вр­за­ни со тоа се клуч­на при­чи­на за ви­со­ки­от мор­би­ли­тет и мор­та­ли­тет кај но­во­ро­ден­чи­ња­та. По­ве­ќе фа­кто­ри вли­ја­ат врз пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње. Од кул­ту­ро­ло­шко-со­ци­јалaн ас­пект тоа се ни­ски­от сте­пен на здрав­стве­на кул­ту­ра и не­ре­дов­ни­те кон­тро­ли во те­кот на бре­ме­но­ста, а од ме­ди­цин­ски ас­пект тоа се по­ве­ќеп­лод­на бре­ме­ност (близ­на­ци и др.), ано­ма­лии на ма­тка­та и на­ру­ше­на фи­зи­о­ло­ги­ја на цер­ви­ксот (гр­ло­то на ма­тка­та) со прет­ход­ни опе­ра­тив­ни ин­тер­вен­ции (серк­лаж). Исто та­ка, по­вто­ру­ва­ни абор­ту­си, по­ли­хи­драм­ни­он – зго­ле­ме­на ко­ли­чи­на на пло­до­ва теч­ност, ка­ко и не­а­де­кват­но тре­ти­ра­ни ин­фек­ции на ге­ни­тал­ни­те ор­га­ни. Тие се нај­че­сти­те фа­кто­ри на ри­зик што во­дат до пред­вре­ме­но исте­ку­ва­ње на пло­до­ва­та теч­ност со кон­се­квент­на по­ја­ва на пред­вре­ме­ни кон­трак­ции.

Исто та­ка, проб­ле­мот на сте­ри­ли­тет (неп­лод­ност) и зго­ле­му­ва­ње­то на бро­јот на па­ци­ен­тки со аси­сти­ра­на ре­про­дук­ци­ја (ин ви­тро) во пос­лед­но вре­ме вли­јае врз по­ја­ва­та на пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње. Ова е осо­бе­но че­ста по­ја­ва при по­ве­ќеп­лод­на бре­ме­ност, но и зго­ле­ме­на­та про­сеч­на во­зраст на па­ци­ен­тки­те. Со на­вре­ме­но пре­поз­на­ва­ње на на­ве­де­ни­те фа­кто­ри и нив­но на­вре­ме­но и со­од­вет­но тре­ти­ра­ње зна­чај­но мо­же да се пре­ве­ни­ра овој се­ри­о­зен проб­лем.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фото: Але­ксан­дар Ивановски
(интервјуто е објавено во 242. број на неделникот Република кој излезе во печат на 21.4. 2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top