| четврток, 6 декември 2018 |

Во манастирот „Св. Димитрија“ кај Велес се празнува Источен петок – Балаклија

manastir-sveti-dimitrijaПо повод денешниот празник Источен петок – Балаклија вечерва во манастирот „Свети Димитрија” во близина на Велес митрополитот повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската епархија, синоќа одржа вечерна богослужба на која присуствуваа голем православни христијани од Велес и околните населени места.
Според христијанските обичаи велешани сношти палеа свеќи за здравје во манастирот „Св.Димитрија“ и околните цркви „Св.Петка“ и „Св.Никола“. Воедно празнувањето ќе продолжи цела ноќ и денес кога митрополитот повардарски Агатангел ќе одржи и Света златоустова литургија.

Манастирот „Св. Димитрија“, кој првично ѝ бил посветен на пресвета Богородица, чија фреска се наоѓа на влезната врата на манастирот, има интересна историја – цели пет века бил затрупан под земја за да биде заштитен од Османлиите.

Во 1820 година откако на сон му се јавил на воденичарот Петар Здравев од Велес со финансиска поддршка на имотните велешани повторно бил откопан. Велешани со години наназад ја чуваат оваа традиција – првиот четврток и петок по Велигден на манастирската слава масовно го посетуваат манастирот кој се наоѓа на неколку километри од градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top