| четврток, 6 декември 2018 |

Сведок раскажа за хоророт во Париз: Луѓето панично трчаа, плачеа и вриштеа

Сведок на нападот вечерва на Шанзелизе во Париз, раскажа каков хорор преживеале луѓето кои се нашле на местото на настанот.

Министерството за внатрешни работи на Франција официјално потврди дека починал и вториот ранет полицаец во нападот, додека првиот починал на лице место. Сведокот Бади Таити раскажа за нападот:

– Се слушна пукање, луѓето почнаа да трчаат, настана паника. Некои плачеа. Имаше стотина луѓе за време на нападот, вели тој.

Додава дека луѓето се испаничени бидејќи нападите во Франција никако не престануваат.

Во нападот се убиени двајца полицајци, а убиен е и еден од напаѓачите кои биле со возило од кое пукале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top