Пред платото на домот на културата во Кичево и вечерва се одржа граѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија”.
Пред присутните се обрати Даме Силјаноски кој, како што рече, во име на граѓанското здружение порача дека јазикот, знамето, химната и грбот се нашиот идентитет и столбот на нашата држава и нема оти нема да се дозволи било кој да тргува до нив и со иднината на земјата само за да се дограби до власта без поддршка на мнозинскиот македонски народ.
– Ќе продолжиме се додека сите инволвирани не се откажаат од платформи создадени во туѓи држави. Имаме една заедничка татковина која треба заеднички да ја градиме, но исто така и заеднички да ја браниме. Ќе продолжиме се додека не се отстранат сите опасности по иднината на нашата татковина, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст