| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Лек против епилепсија предизвикува сериозни нарушувања кај новороденчиња

Лекот што им се дава на трудници против епилепсија и биполарно нарушување предизвикува „сериозни малформации“ кај повеќе од 4100 деца, покажува една француска студија.

Мајки третирани со лекот валпроат имаат четири пати поголема веројатност да родат бебе со некаква неправилност. Лекот е воведен во 1967 година во Франција, а е пропишан нашироко низ целиот свет.

Лекарите во Франција сега се советувани да не го препишуваат лекот на девојки, жени на репродуктивна возраст и бремени жени. Оние кои се засегнати, велат дека Франција и компаниите кои го продаваат лекот биле премногу бавни во предупредувањето од несакани ефекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top