Со филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ вечерва свечено ќе биде отворено јубилејното 20. издание на Скопје филм фестивал, а пред публиката во киното „Милениум“ ќе се поклони и легендарната актерка Мирјана Карановиќ и режисерот Бојан Вулетиќ, како и дел од македонската екипа на филмот.
До сега, филмот се прикажа на 67-то издание на Берлинале, на ФЕСТ Белград каде освои награда за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра женска улога, а на 21.Интернационален филмски фестивал во Софија ја освои наградата ФИПРЕСЦИ што ја доделува Интернационалната федерација на филмски критичари.
„Реквием за госпоѓа Ј“ обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и мотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на повеќе различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва.
Утревечер (петок, 21 април) програмата на Скопје филм фестивал продолжува со премиерата на новата македонска комедија во режија и по сценарио на Коле Ангеловски „Ах љубов моја“, во продукција на „Авард филм и видео“. Премиерната проекција ќе се одржи во киното Милениум, во 20,30 часот, а ќе присуствува и филмската екипа. Во главните улоги настапуваат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир, Андон Јовановски
Со големо задоволство ве известуваме дека во Кинотеката на Македонија, утревечер (петок, 21 април), со почеток од 19, 30 часот почнува новата детска програма „Креираме заедно“ релизирана како партнерство со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје. Годинава, преку програмата „Креираме заедно“, за прв пат во конципирањето на фестивалската програма ги вклучува и учениците со и без попреченост од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица.
Програма за петок 21.04
Кино Милениум
17:00h БЕРИ ЛИНДОН / BARRY LINDON(1975)
Режија: Stanley Kubrick Улоги: Ryan O’Neal, Marisa Berenson
UK/USA, 187 min.
Репутацијата на „Бери Линдон“ растеше во годините од 1975 и сега се смета за еден од најдобрите филмови на мајсторот. Тоа секако го има во секој кадар на филмот на Кјубрик: технички одличен, емотивно дистанциран, безмилосен во сомнежот во човечката добрина. .
„Бери Линдон“ е агресивен во својата студена дистанцираност. Бара од нас да останеме само набљудувачи на неговата раскошна елеганција. Многу од настаните се случуваат надвор од екранот, нараторот нè информира што ќе се случи, а ние многу пред крајот на филмот ќе дознаеме дека на херојот лошо му се пишува.
20:30h АХ, ЉУБОВ МОЈА / OH, MY LOVE (2017)
Режија: Коле Ангеловски Улоги: Нина Деан, Атанас Атанасовски
Macedonia, 104 min.
„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пејачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што сè тргнува наопаку.
19:30h Инклузивна детска програма „Креираме заедно“ Изложба на фотографии, филмска програма, дебата на тема: „Кретивноста -прозорец кон светот на различностите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција