Владата на Република Македонија, во соработка со Министерството за образование и наука, како и Кинеската Влада денеска го промовираа проект за техничка помош во областа на образованието во Република Македонија, проектот е вреден седум милиони евра, а овие паметни училници ќе бидат спроведени во 27 училишта до септември годинава.
-Проектот кој денес го означуваме претставува чекор напред во напорите на владата на Република Македонија за континуирана модернизација на условите за образование на нашите ученици, особено преку примена на современа информатичка технологија каква што се применува и во најсовремените образовни системи во светот. Таквите наши заложби се во рамките на нашата стратегија за создавање на квалитетни генерации на ученици кои ќе поседуваат одлични информатичко-комуникациски вештини кои би помогнале во обезбедување на работен ангажман кои ќе генерира високи лични приходи и нивна стабилна иднина. Во рамките на таквите наши заложби изминатите години организиравме бројни проекти кои ги следат глобалните трендови во областа на информатиката и технологијата и нивно интегрирање во образовните процеси – изјави претседателот на владата Емил Димитриев.
Тој како најзначајни проекти ги издвои набавката на компјутери за секое дете, воведување на предмети со работа на компјутери и основи на програмирање во основното образование како и редовното набавување на интерактивни табли за училиштата каде што недостасуваат.
-Денес се официјализира една голема донација од страна на народна Република Кина преку телекомуникацискиот гигант „Хуавеј“, која содржи модерни информатичко-комуникациски уреди, клауд дата центар, систем за е-учење, персонални компјутери, лаптопи, интерактивни табли, принтери, уреди за мрежно поврзување, како и друга опрема со која училиштата од градот Скопје добија свои мултинационални смарт училници. Опремата е во особено значење кога интензивен е развојот на технолошките достигнувања, а нашите заложби како влада се сите тие достигнувања да им ги обезбедиме на најмладите при нивната едукација. Секако опремата ќе биде од голема корист за непречена реализација на работата на наставниците во училиштата, но и за нивната професионална надградба. Имено во просториите на бирото за развој на образованието, како дел од донацијата е инсталирана видео конференциска опрема која ќе се користи исклучво за одржување на обуки на наставниците – истакна Димитриев.
Кинеската амбасадорка Лисјен истакна дека се надева оти проектот кој треба да биде завршен во септември годинава ќе биде од посебна корист за учениците, но и за наставниците.
– Се надевам дека имплементацијата на овој проект ќе биде солидна основа за натамошно унапредување на соработката меѓу Македонија и Кина во областа на образованието – рече Лисјен.
Централната гимназија во Република Македонија „Јоси Броз Тито“ е првото средно училиште во Македонија кое доби две целосно опремени училници со дигитална опрема за одржување на наставата.
Директорката на училиштето Татјана Стојанова-Дуева вели дека училниците се опремени според највисоките стандарди со смарт табли, таблети за секој ученик, звучна изолација, како и камери за бежична комуникација со останатите училишта.
-Проектот почна токму овде во нашата гимназија за да продолжи во гимназиите „Никола Карев“, „Орце Николов“, како и „Михаило Пупин“. Се разбира дека е потребно да покажеме висока свест и Огромна благодарност за оваа опрема бидејќи нуди неверојатно големи можности како и совтверски решенија. Дата базата е поставена на факултетот за информатички технологии ФИНКИ, а контрола и надзор се вршеше целото ова време додека се инсталираше опремата во двата кабинета, потенцираше Стојанова-Дуева.
Со реализацијата на проектот мрежно се поврзани 27 училишта во Скопје со што ќе се оптимизира алокацијата на образовните ресурси и ќе го подобри квалитетот на наставата. Дата центарот ќе располага со база од видео снимки на предавања и ќе го дигитализира менаџментот на досиејата на студентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст