Четвртфиналните возбудувања во Лигата на шампионите завршија, па најдобрите екипи сега можат да се посветат на лигашките обврски. Секако овој викенд најголем фудбалски настан е пресметката на лутите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона на „Сантијаго Бербабеу“, дуел кој може да одлучи кој ќе се искачи на врвот на Примера.
Во подобра позиција се „кралевите“ кои имаат плус три бода во однос на „каталонците“ плус и еден натпревар помалку (Селта Виго). Ова ја става Барселона во тешка ситуација или поточно да мора да го освои Мадрид, бидеќи со евентуален пораз или реми ќе доживее удар од кој тешко ќе може да закрепне со оглед на тоа што ќе останат само уште пет кола до крајот.
Барса ќе биде и без суспендираниот Нејмар, па Иван Ракитиќ во него гледа плус инспирација, да се освои и победи во домот на ривалот за Бразилецот.
-Не треба да се повторува дека тој е клучен играч. Неговата суспензија не е добра, но што е тука е. Мора да ја разбереме ситуацијата и да продолжиме. Во минатото сме покажале оти можеме да победуваме која Нејмар не игра. Секако ќе беше многу подобро да го имавме на располагање зошто тој е еден од најдобрите два-тројца играчи на светот. Имаме многу самодоверба и силен тим. Сакаме да покажаме дека и Нејмар не е тука можеме да успееме, се надевам ќе победиме за него – истакна Ракитиќ.
Дербито се игра в недела од терминот 20:45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.