Реал Мадрид славеше со 83-75 на дуелот со Дарушафака, поведувајќи со 1-0 во четвртфиналната серија против незгодниот турски претставник во Евролигата. „Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога, но изненадувачки наместо со атомски напад овојпат мечот го добија со цврста одбрана, покажувајќи зошто важат за најкомплетен тим во Европа.
Дарушафака одлично парираше во првото полувреме, стартната четвртина добивајќи ја со 16-24, но потоа избраниците на Дејвид Блат го загубија ритамот во нападот. Турскиот прволигаш замина на одмор со минимална предност од 36-37, за потоа Реал да ја преземе контролата врз резултатот во второто полувреме. „Кралскиот клуб“ имаше „плус четиринаесет“, потоа на три и пол минути до крајот водеше со 74-64, но гостите не се откажаа, па на 90 секунди до крајот намалија на 76-72.
Вонамејкер реализираше со дополнително слободно фрлање намалувајќи на 78-75, но Љуљ искусно изнуди прекршок, а по промашеното второ слободно фрлање следеше офанзивен скок по кој истиот кошаркар погоди за 81-75, на 35 секунди до крајот, разрешувајќи ги дилемите околу победникот на оваа средба, што заврши со конечни 83-75.
Љуљ со 23 и Ајон со 14 поени беа единствените двајца домашни кошаркари со двоцифрен ефект, а најдобар стрелец кај Дарушафака повторно беше Вонамејкер, кој реализираше 21 поен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)