| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Каеда се закани со нови напади на САД: Ќе напаѓаме каде што најмалку очекувате

Воениот командант на Ал Каеда во Јемен, Касим ал Рими во аудио порака најави нови напади на САД и се закани дека никој нема да може да го заштити американскиот народ.

–       Нападот во Бостон како и писмата со рицин упатени до Белата куќа без оглед кој стоел зад нив јасно покажуваат дека потфрлува американскиот безбедносен систем. Секој ден ќе ве напаѓаме каде што најмалку очекувате и вашите политички лидери не можат да ве заштитат, рекол Рими.

Тој ги повикал муслиманите во САД да продолжат да ја бранат нивната религија и напоменал дека секој може да изработи бомба каква што користеа браќата Царнаев во нападот на маратонот.

Извршете ја вашата должност, повикал Рими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top