| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантна одлука на фолк пејачката – Стоја се обидела да се самоубие!

стоја

Познатата пејачка Стоја Новаковиќ, не крие дека поради нејзиниот сопруг Игор била спремна на се, па дури и да се убие.

Фолкерката пред неколку години, кога нивната врска била во криза, и поради преголемата болка од можноста да го загуби сопругот, влегла  во автомобилот, ја заклучила вратата и се удрила во бетонски ѕид, се со цел да го задржи сопругот.

Тој мислејќи дека е повредена веднаш дотрчал да и помогне, па оттогаш се неразделни.

-Се залетав кон бетонскиот ѕид колку што можев, знаев дека тој нема да остане рамнодушен на тоа. Го искршив автомобилот, ама не ми е жал. Знаев дека ќе дојде да ми помогне – рекла Стоја смеејќи се.

Иако многумина ќе кажат дека оваа постапка на Стоја е бизарна, таа вели дека воопшто не се кае, но не би го препорачала овој метод никому.

-Автомобилот го поправив, но вредеше, зошто после тоа се смиривме. Да не го направев тоа можеби немаше да се смириме – заклучила таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top