| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски до Села: Начекавте кај СДСМ слабаци со фрустрација за власт и ги уценувате

ilija-dimovski-2-640x418

На денешната Собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во процедурална заеблешка кон Зијадин Села, потенцираше дека
тој и албанските партии начекаа кај СДСМ слабаци со насобрна фрустрација за да дојдат на власт, па сега ги уценуваат.

– Знаете што е неискрено во вашата политика, начекавте слабаци со триста проблеми и со единаесет годишна собрана фрустрација да дојдат на власт и вие сам рековте – сега е мајката да ги уцениме Македонците, каква е таа искреност со уцени ли треба да работиме, што ќе не уценувате, истакна Димовски.

Тој праша дали на овој начин ќе градиме соживот во Македонија со уценување на Македонците.

– Затоа јас искрено ве молам како човек на човек немојте да подгревате меѓуетничка нетрпеливост помеѓу луѓето, во моменти кога имате политичка слабост, во моменти кога немате испорачано она што требало да го испорачате како градоначалник тоа не е фер, тоа не е добро ниту за Албаницте ниту за Македонците, потенцираше Димовски.

На крајот тој истака дека на луѓето во Струга и насекаде во Македонија треба да им се подобри животот, а не да се трујат со меѓуетнички тензии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top