| четврток, 6 декември 2018 |

МО: Конкурс за студенти-питомци за школување на академиите во Србија, Турција и Хрватска

armМинистерството за одбрана распиша конкурс за запишување тројца студенти- питомци што ќе се школуваат во Турција, Србија и во Хрватска во Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови, да не се постари од 20 години и да ги положат приемните испити по биологија и по хемија. Студиите траат 6 години.

Доколку биде избран кандидат кој не го познава турскиот јазик ќе биде упатен на задолжителна јазична обука во траење од 1 година. Конкурсот трае до први мај, а документите се доставуваат до Воената академијата во Скопје.

По завршување на студиите, на кандидатите им се гарантира прием во АРМ и имаат обврска да поминат во Армијата најмалку двојно подолго од времетраењето на студиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top