| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка загина, двајца повредени во сообраќајка во Куманово

soobrakjajkaЕдна девојка починала, двајца се борат за живот во сообраќајка која се случила денеска во Куманово. Според неофицијалните информации една од донесените девојки во Клиничкиот центар во Скопје им подлегнала на повредите.

Несреќата се случила околу 17 часот на раскрсницата на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“. Според Куманово Њуз,  БМВ со кумановски регистарски таблички, кое се движело од бензинската пумпа на „Макпетрол“ кон градот, со голема брзина удрило во возило кое чекало да помине на семафорот. Од силниот удар одзади, колата што стоела излетала од коловозот и удрила во две девојки кои се движеле по тротоарот. Девојките на возраст од околу 20 години, се здобиле се тешки повреди на главата и кичмата. Возачот кој чекал да се отвори семафорот на раскрсницата исто така е пренесен во болница со повреда на главата, додека  возачот на БМВ останал неповреден.

Полицијата излезе на терен и врши увид на лице место за да се утврдат причините за сообраќајката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top